Бесплатна достава над 3.000 ден. Нарачки до 14ч – најчесто испорака истиот ден +389 71 235 998

Колку чини паметен дом?

Паметен ДомКонфигуратор

Колку ќе ве чини паметниот дом? Пресметајте за 2 минути

Допрете соба на планот и изберете според вашите потреби. Цената ја гледате веднаш.

паметно светлодопрете соба за промена
Проценка на опрема0 ден
Проценка0 ден

Често поставувани прашања

Колку чини паметен дом во Македонија?

Зависи од тоа што сакате да биде паметно. Стан со шест соби, паметни светла, ролетни, бојлер и неколку сензори излегува околу 30.000 до 35.000 денари за опремата. Конфигураторот погоре ви ја пресметува точната сума според вашите соби.

Дали треба да ги менувам прекинувачите и инсталацијата?

Не. Паметните модули се вградуваат зад постоечките прекинувачи, па изгледот останува ист, а ништо не се копа. Ако сакате, може да ставите и нови SONOFF Orb прекинувачи.

Што ако немам нулта жица во прекинувачот?

Кај постарите згради често ја нема. За нив имаме Zigbee модули што работат без нулта жица. Ако не сте сигурни, ние проверуваме пред монтажа.

Кој е подобар, Zigbee или Wi-Fi?

За повеќе уреди и сензори на батерија препорачуваме Zigbee со хаб, бидејќи не го оптоварува вашиот Wi-Fi. За неколку светла или приклучоци доволен е Matter преку Wi-Fi, без хаб.

Дали правите и монтажа?

Да. Ја монтираме и подесуваме опремата, а може да ја купите и сами и да ја поставите со наши упатства и поддршка.

SmartCalc v1.05 · © 2026 Паметен Дом ДООЕЛ. Дизајнот, текстовите и кодот на калкулаторот се сопственост на Паметен Дом.

Кошничка